Џеј Ло кај Елен Деџенерис: „Ќе се зачудите, но мажите не ги бирам според годините“
- Детали
- вторник, 21 февруари 2017
Џеј Ло неодамна дојде на шоуто на Елен Деџенерис и прозбори за врските, состанувањето и кој меѓу славните личности ѝ е број еден избор.
Поточно, на шега кажа дека „симпатија“ ѝ е Хери Стајлс од „One Direction“, но дека е премногу млад за да биде нејзино момче.
Понатаму, на интерес на Елен, продолжи да зборува за тоа дека не е вистина, како што претпоставуваат другите, дека е во врска само со помлади момчиња од неа.
„Не се состанувам само со помлади мажи. Не е како да мораат да бидат млади. Не е заради годините. Се запознавам со луѓе и потоа, ако решам да излезам со нив, излегувам. Ако не, не... До личноста е. Нема врска со годините, туку какви се како личност.“ - изјави Џеј Ло.
„Ако е постара личноста, е постара. Ако е помлада, е помлада. Не се важни годините, важно ми е дали ме привлекува или не - дали ме привлекува духот, душата, енергијата...“ - додава таа.
Што се однесува до шпекулациите дека беше во врска и со Дрејк, таа одбива да даде прецизни информации, туку изјави само дека заедно соработувале за песна.
https://www.youtube.com/watch?v=kL-o5hR46_k&t=49s
Н. Г. | Црнобело