Како славните ги држат породувањата во тајност?
- Детали
- среда, 15 февруари 2017
Кога Бијонсе ја родила Блу Ајви во јануари 2012-та година, не пристигнала во болница со надеж дека ќе добие пристојна соба.
Бијонсе и Џеј Зи се најавиле на шестиот кат уште неколку недели порано, притоа изнајмувајќи ја ексклузнивната соба. Голем број на обезбедување ги набљудувало ходниците и ниту еден човек не смеел да пристапи до нивната соба.
Не смееле да си дозволат првите фотографии и детали за нивната ќерка да дојдат до папараците.
Со оглед на тоа што 2017-та ќе биде година на славните бебиња, од Бијонсе до Амал Клуни и Роузи Хантингтон Вајтли, следните неколку месеци будно ќе се следи секој нивен чекор.
Една бабица која им помагала на славни како Кели Роуланд и Кристин Бел, вели дека секоја болница има алтернативни влезови во случај папараците да ги чекаат.
Кога Кери Вашингтон ја родила нејзината ќерка во болница во Лос Анџелес, добила креативна идеја.
„Секој четврток, 3 недели пред крајниот термин за породување, местев испланирани Твитови. Твитав во раната бременост, па сфатив дека ако комплетно се изгубам, тогаш луѓето ќе сфатат дека сум во болница, пред породување.“
Кејт Хадсон пак, отишла чекор подалеку и прифатила царски рез само за да не мора да се соочува со папараците повторно.
„Имав контракции на секои 2 до 5 минути, но не можев да се породам. Докторот рече дека или ќе биде долг процесот или ќе треба да се согласам на царски рез. Беше толку многу мачно да излегувам и влегувам во болницата постојано на неколку часа, па се решив за царски рез.“
За голем број од ѕвездите, алтернатива е и породувањето дома, со цел да се заштитат од фотоапаратите.
Исто така, доколку не го кажете крајниот термин за породување, помали се шансите некој да го пресмета. Токму затоа многу од ѕвездите чекаат долго пред да објават дека воопшто се бремени. Така никогаш нема да знаете дали се четврти, петти или шести месец.
М. Д. | Црнобело