Јелена Ѓоковиќ бремена со второ дете: Во август се очекува новиот член
- Детали
- понеделник, 13 февруари 2017
Изминативе неколку часа сите српски медиуми пишуваат за втората бременост на Јелена Ѓоковиќ.
Близок извор за српски Блиц изјавил:
„Јелена на почетокот од годината се посомнева дека е бремена, па одлучи да посети лекар, кој само ги потврди среќните вести. Сопругата на Новак не можеше да дочека, па тоа му го соопшти преку телефон. Двајцата буквално врескаа од среќа, бидејќи отсекогаш имаа голема желба да имаат две деца.“
Токму од оваа причина, Новак изминатава недела ја посети Србија сам.
„Заради одредени ризици, Јелена не може да патува, туку некое време ќе мора да помине дома, за да нема никакви проблеми. Докторите ја советуваа постојано да мирува, бидејќи влегува во вториот месец од бременоста, кој знае да биде ризичен, па тоа е причината зошто ги откажа сите патувања и закажани обврски.“
За време на бременоста, односно до август, се планира Јелена да остане во Монте Карло, каде и ќе се породи.
Јелена и Новак за првпат станаа родители на малиот Стефан во октомври 2014-та година.
М. Д. | Црнобело