Адел на Греми 2017: Наградата за Најдобар албум ја скрши на пола, пцуеше и се расплака на сцена
- Детали
- понеделник, 13 февруари 2017
Адел оваа година на Греми наградите, со себе ја понесе онаа за Најдобар албум на годината (заедно со уште четири други награди), но за малку ја одби, бидејќи сметаше дека Бијонсе заслужува да ја добие.
„Мојот албум на годината беше Lemonade, па мал дел од мене, однатре, умре, како фан на Бијонсе“ - изјави таа во зад сцена, после победата.
Таа дури и даде емотивен говор за време на доделувањето:
„Не можам да ја прифатам оваа награда, почестена сум и многу благодарна, но мојот живот е Бијонсе, и за мене најдобар албум е Lemonade, Бијонсе беше монументална, а албумот ѝ беше добро обмислен и толку убав за душата, бидејќи ни дозволи да ја видиме од поинаков агол, а тоа немаме секогаш можност да го направиме и го цениме тоа.“
За да докаже дека навистина го мисли тоа што го кажува, таа дури и ја скрши Греми наградата на два дела:
Без сомнеж, Бијонсе низ сите тие емоции се расплака:
Потоа, додека ја пееше песната со која одаде почит на Џорџ Мајкл, запре со пеењето и како да пцуеше додека го изведуваше хитот на Мајкл од 1996 година, „Fastlove“.
28-годишната пејачка ненадејно запре, како да почна да пцуе, но продуцентите почнаа да го гасат нејзиниот микрофон за да не се слуша. Веднаш потоа таа изјави: „Извинете. Не можам, извинете за пцуењeто и се извинувам што почнувам од почеток. Може да почнеме од почеток? Се извинувам. Не можам да го утнам ова за него.“
Потоа продолжи да пее:
Од нејзините колеги, доби најголема поддршка:
Н. Г. | Црнобело