А кого имитира Лејди Гага?
- Детали
- среда, 21 април 2010
Постојано се крева прашина како сите ја имитираат Лејди Гага. Но, дали оваа пејачка е навистина уникатна или само нечија бледа копија?
Авангардната уметница, девојка на Бонд и пејачка, Грејс Џонс, важи за една од најконтроверзните појави во 80-тите. Облека, фризура и музика која била комплетно нова и поинаква. Баш како што е денес Лејди Гага.
Гага упатила и понуда за соработка до темнокожата пејачка и еве што рекла Грејс на тоа:
“Ми понуди да соработуваме, но јас попрво би соработувала со некого кој има свој стил и кој не е моја копија. Кога гледам некои мои дизајни на неа, понекогаш побеснувам. Сепак, не ме интересира оваа девојка“.
Проценете дали Грејс Џонс е во право...