Најпознатата деверуша ќе стане невеста: Сите детали за свадбата на Пипа Мидлтон
- Детали
- вторник, 31 јануари 2017
За само 4 месеци од сега, најпознатата деверуша Пипа Мидлтон, конечно ќе стане невеста.
На 20-ти мај, Мајкл Мидлтон, ќе ја испрати својата помлада ќерка Пипа до олтарот на црквата Св. Марк, во близина на Енглфилд, и ќе ја предаде на Џејмс Метјус, нејзиниот иден сопруг.
Поканите на Пипа и Џејмс ќе бидат испратени 6 недели пред настанот, а белите картички ќе бидат испишани со обични црни букви.
За разлика од венчавката на нејзината сестра Кејт која броеше околу 1900 гости, Пипа ќе има венчавка со 350-400 гости.
Пипа веќе го одбрала невестинскиот фустан и ќе биде елегантен и ќе има вел, како Кејт. Без пуфкасти материјали, туку со тантела и долги ракави. Нема да има многу детали и украси. Ќе биде нешто што ќе ја покажува нејзината фигура, но не како кога беше деверуша.
Дизајнер или ќе биде Giles Deacon, кој веќе неколкупати го посетил семејниот дом на Мидлтон, или Jenny Pachkam - бренд кој го обожаваат и двете сестри.
Што се однесува до аксесоарите, невестата ќе носи дискретен накит од Robinson Pelham, истата продавница за накит од која е и 4-каратниот веренички дијамант.
Блиските откриваат дека Пипа најмила професионален тренер со кој вежба за да ја подобри линијата.
Една од почудните работи кои Пипа и Џејмс ги направија, беше медениот месец на Сент Бартс, пред венчавката.
Откако церемонијата во црквата ќе заврши, планирано е славењето да продолжи во Georgian Grade II - старата куќа која Мидлтон ја купија во 2012-та.
Куќата има огромен двор кој ќе биде опремен со подиум, бина, тепих, многу столчиња, маси и декорации.
Можно е 4-годишниот принц Џорџ да ги носи бурмите на прениче, додека принцезата Шарлот ќе фрла цветови по патеката.
М. Д. | Црнобело