Кошмар е да се работи со нив - Ѕвезди кои се екстремно тешки за соработка
- Детали
- вторник, 31 јануари 2017
Како што имате омилени и не толку омилени колеги, истото правило важи и во Холивуд во светот на славните. Некои се согласуваат одлично за време на снимањата, а други одвај ја довршуваат соработката, со желба да не се сретнат никогаш повеќе.
Oвие 10 ѕвезди важат за едни од најголемите кавгаџии во Холивуд и не се баш омилени за соработка:
Кристијан Бејл
Мрачниот витез кој постави нови стандарди за улогата на Бетмен не е само мрачен на филмското платно. Имено, Бејл имал многу несогласувања и кавги со техничката екипа за време на снимањето на филмот.
Алек Болдвин
Актерот е особено познат по своите „жолти“ минути, а кулминацијата на своите невротични испади ја доживеал за време на снимањето на хит серијата „30 Rock“.
Кетрин Хајгл
Ѕвездата на „Grey’s Anatomy“ е озогласена во холивудските кругови поради екстремно тешкиот карактер. Секое снимање се одолговлекувало поради нејзиното бавно влечкање, проблеми со светлото или гардеробата. Токму тоа ја чинеше и заминувањето од серијата на Шонда Рајмс.
Џенифер Лопез
Дивата има многу барања, но за неа важи правилото дека е пријатна личност за соработка. Но, инцидентот од 2012 година го докажал спротивното за време на снимање на филмот „What to expect when you’re expecting“. Во тој период Лопез се разведувала од Марк Ентони, и одбивала да комуницира со остатокот од актерската екипа, а сите прашања наменети за неа морале да ги упатуваат преку нејзиниот асистент.
Џулија Робертс
Тешко е да се поверува дека дамата со најубава насмевка е неподнослива за време на снимањата, но дел од екипата ја окарактеризирала како „Принцеза“, алудирајќи на нејзиниот разгален карактер.
Леа Мишел
Кејт Хадсон која имаше епизодна улога во серијата „Glee“ ја опиша својата колешка Мишел како „вистински кошмар за време на работата“. Мишел истовремено имаше несогласувања и со постојаната актерска екипа од мјузиклот, поради нејзиното преголемо его.
Линдзи Лохан
Темпераментната Лохан успеала да ја извади Џејн Фонда „од кожа“ за време на снимањето на заедничкиот филм „Georgia Rule“. Студиото било приморано да ѝ испрати порака на Линдзи во која буквално пишувало да престане да се однесува како мало разгалено дете.
Мајк Маерс
Омилениот лик од „Austin Powers“ во приватниот живот сепак не е толку забавен како на филмското платно. Еден од режисерите со кои соработувал признал дека го мразел „години после тоа“ откако завршиле со снимањето на еден од најпознатите филмови на актерот.
Шиа Ле Буф
За време на снимањето на филмот „Lawless“ во 2012-тата година, Ле Буф физички го нападнал Том Харди, бидејќи испил премногу, без никаква претходна провокација. За среќа Том Харди не возвратил на нападот.
Брус Вилис
Омилениот акционен херој имал многу конфликти со други актери, но режисерот Кевин Томас ги зачувал најлошите зборови за него, етикетирајќи го Вилис како „несреќна, злобна и огорчена личност“.
(О)Милена | Црнобело