Бела Хадид не можела да облече попроѕирен фустан (фото)
- Детали
- вторник, 24 јануари 2017
Бела Хадид е добро позната по ризичниот избор на облека. Се сеќавате на црвениот фустан со кој целосно се разголи на Канскиот филмски фестивал во 2016-та година?
Овојпат уште еднаш гордо го покажа своето тело во проѕирен фустан од кој посебно јасно беа нагласени нејзините гради за забава на „Christian Dior“ во Париз.
Пред самата забава дизајнерот Рикардо Тиши, креативниот директор за „Givenchy“, објави фотографија на својот Инстаграм профил каде тој позира заедно со Бела Хадид и нејзината пријателка Кендал Џенер.
На фотката напишал: „Ноќ со моите две секси птички, жежок сендвич“.
Очигледно 20-годишниот модел сè уште сака да му се одмаздува на своето поранешно момче The Weeknd.
Н. Г. | Црнобело