Се појави биолошката мајка на ќерката на Анџелина Џоли: „Сакам само да разговарам со неа“
- Детали
- среда, 18 јануари 2017
Биолошката мајка на посвоената ќерка на Анџелина Џоли - Захара, јавно ја замолува Џоли да ѝ дозволи да разговара со својата ќерка.
Ментеваб Давит Лебисо е мајката на 12-годишната Захара која од бебе е спасена од глад од Етиопија од страна на Џоли.
Вели дека сонува барем за кратка средба, но би се задоволила и со шанса на кратко да разговара со неа.
„Само сакам таа да знае дека постојам и дека можам да разговарам со неа. Не ја сакам ќерката назад, но само сакам да бидам во контакт,“ вели биолошката мајка за Захара, која живее сиромашно во Етиопија.
Меѓутоа, признава дека семејството Џоли-Пит ѝ овозможило сè што можело.
„Анџелина е мајка во вистинска смисла на зборот за неа, за разлика од мене. Таа беше со неа откако се роди, но тоа не значи дека мене не ми недостасува. Ми недостасува постојано. Секој ден мислам на неа и сакам да ја видам и слушнам. Знам дека кога го слави роденденот не можам да прославам со неа. А, толку многу би сакала да ги славам тие посебни денови со неа.“
31-годишната мајка открива дека немала никаков контакт со Захара откако била однесена во Америка во 2005-та година.
„Има живот кој никогаш не би можела да ѝ го овозможам, но би сакала да ја видам. Израсна во прекрасна девојка и многу сум горда.
Сите еден ден заминуваме од овој свет, и пред јас да заминам, би сакала да знае дека има семејство тука, во Етиопија.“
Ментеваб исто така признава дека не ѝ била понудена никаква помош од страна на Џоли-Пит семејството низ годините.
М. Д. | Црнобело