Еволуцијата на Северина: Од русокосо девојче до секс симбол
- Детали
- понеделник, 16 јануари 2017
Северина Којиќ денес е мајка, сопруга и кралица на естрадата, а ретко кој се сеќава на нејзините почетоци. Сепак, не е лошо, од време навреме да се потсетиме на нејзиниот стилски пат.
Северина денес е една од најпознатите пејачки во регионот, а една од првите нејзини песни беше „Oglasi“ во далечната 1991-ва година. Пејачката тогаш беше русокоса.
Во текот на 1991-та година таа се запознава со Зринко Тутиќ со кој го снима својот прв албум „Северина“ со кој е објавена и првата песна „Tvoja prva djevojka“. Стилот на Северина оттогаш почнува да се менува.
Неколку години беше „стилски константна“, но со песната „Trava zelena“ дојде уште една модна трансформација која вклучуваше и носење врвка на челото.
Во 1998-та година, „Djevojka sa sela“ станува голем хит, а косата на Северина тогаш беше пократка.
Со албумот „Ja samo pjevam“ Северина почна да изгледа уште посексапилно со скратена коса.
Наскоро потоа стана платинесто русокоса.
А, со песната „Moja štikla“ со која настапуваше на Евросонг во 2006-та, уште еднаш докажа дека е моден камелеон.
Врската со Маро Чуљко ја започнува во 2007-ма година, а следната година го запознава Славко Шаиновиќ со кој беше во врска до 2010-та година. Истовремено внимателно го градеше својот препознатлив моден стил.
Во соработка со Горан Бреговиќ, во 2008-та година го објави својот 10-ти албум, „Zdravo, Marijo“ од кој излегоа бројни хитови, а пејачката полека стана ѕвезда која публиката ја следи и копира.
Во 2010-та година е во врска со српскиот претприемач Милан Поповиќ и понатаму станува сè попопуларна како пејачка и како модна икона.
Песната „Italiana“ ја објавува во 2012-та година, а со неа и 11-иот албум „Dobrodošao u klub“. Тогаш го доби и синот Александар.
Во 2013-та година го објави новиот сингл „Hurem“ и истата година ја прекина врската со Поповиќ.
Накратко потоа ги открива социјалните мрежи и станува модна икона на истите, а посебно популарен е нејзиниот Инстаграм профил каде ги објавува нејзините најдобри секојдневни комбинации.
Во меѓувреме таа стана госпоѓа Којиќ, а за нејзината свадба се зборува до ден денес.
Едно е сигурно, овој моден камелеон сигурно уште неколкупати ќе го промени својот стил.
Н. Г. | Црнобело