"Сандра, извини!"
- Детали
- вторник, 13 април 2010
Мишел МекГи со која сопругот на ѕвездата од филмот "Blind side" имал афера 11 месеци, даде интервју за австралијанската телевизија...
... (која за нејзиното уклучување во програма платила 30.000 долари), во кое се извинила на Сандра Булок.
"Жал ми е. Се чувствувам виновна и жал ми е за Сандра", изјавила Мишел. Новинарите од студиото ја прашале дали би можела да претпостави како Сандра се чувствува поради неа и што би и рекла кога би можела, а на тоа Мишел изјавила:
"Жал ми е што те осрамотив. Жал ми е што се' ова излезе во јавноста, жал ми е за се'... Сфаќам низ што поминуваш Сандра. Повредена си, очајна, вознемирена, понижена... сакам најискрено да ти се извинам. Сепак, мислам дека и јас сум како неа изневерена.
И мене ме лажеше како неа. Ако Џеси ми кажеше дека нивниот брак функционира, никогаш немаше да бидам со него", рече Мишел и додава дека со него спиела "само два, три пати", но дека секојдневно и праќал СМС пораки.