Во новиот дом на Иванка Трамп во Вашингтон
- Детали
- четврток, 05 јануари 2017
Имајќи го предвид фактот дека таа е еден од главните помошници на нејзиниот татко, воопшто не изненадува фактот за преселбата на Иванка Трамп во Вашингтон.
Според американските медиуми Иванка и нејзиниот сопруг се селат во куќа која се наоѓа во областа Калорама.
Интересен е фактот што во непосредното соседство ќе живее и семејството на Барак Обама по неговото напуштање на Белата куќа.
Куќата поседува шест спални соби, од кои пет вклучуваат луксузни камини, голема спална соба со посебно издвоени плакари, огромна бања и поглед на градината.
Куќата потекнува од 1923-та година и е дело на архитектот Вади Вуд. Според изворите, семејството на Иванка за неа издвоило 5,5 милиони долари.
М. С. | Црнобело