7 ѕвезди кои јавно се борат со здравствените проблеми
- Детали
- среда, 04 јануари 2017
Голем број на славни очајно се обидуваат во тајност да ја одржат својата здравствена состојба и проблемите со кои се справуваат, додека други јавно и отворено зборуваат за нив.
Дел од оние ѕвезди кои решиле да водат јавни битки со болестите се следниве:
Џиџи Хадид
„Метаболизмот ми се промени оваа година. Имам Хашимото - пореметена работа на тироидната жлезда. Има веќе 2 години како земам лекови, за да не изгубам дополнителна тежина пред најважното шоу за Викторијас Сикрет.“
Шенон Доерти
Откако ѝ беше дијагностициран рак на дојката, ѕвездата од Беверли Хилс се бори преку постови и фотки на социјалните мрежи.
„Ништо од ова не е лесно, но со добар тим, може да биде многу попријатно.“
Јоланда Хадид
Мајката на познатото дуо супермодели Џиџи и Бела, во 2012-та била соочена со дијагноза на Лајмска болест, односно бактериска инфекција за која нема лек освен антибиотици, а се пренесува преку убод од крлеж.
Од истата инфекција пати и Бела Хадид.
Анџелина Џоли
Во 2013-та објави дека направила мастектомија на градите откако открила дека има развиен ген кој е склон на развивање на рак на дојка.
Селена Гомез
Селена ја откажа турнејата во 2013-та заради тоа што ѝ беше дијагностициран лупус, односно нарушување на имунолошкиот систем кое ги напаѓа здравите ткива во телото.
Ким Кардашијан
Откако во 2011-та открила црвени и бели флеки по нозете, ријалити ѕвездата сфатила дека има псоријаза. Псоријазата е автоимуна болест и се појавува на кожата во облик на флеки со поинаква боја од природната боја на кожата.
М. Д. | Црнобело