Доказ дека времето „лета“: Дизни детски ѕвезди кои станаа родители
- Детали
- четврток, 29 декември 2016
Времето полека, но сигурно, проаѓа, а со него сите растеме и созреваме. Дури и некогаш омилените Дизни ѕвезди, незабележливо пораснаа.
Сега веќе не се деца, туку имаат свои деца.
Дизни ѕвезди кои веќе имаат деца:
1. Ферги
Ферги ја знаеме од „Kids Incorporated“. Таа сега е во брак со Џош Духамел, а во 2013-та го доби своето прво синче.
2. Џенифер Лав Хјуит
Хјуит исто така, беше дел од „Kids Incorporated“. Таа денес има две деца, едното го роди во 2013-та, а другото во 2015.
3. Кристина Агилера
Кристина Агилера денес е мајка на синот Макс кој го роди во 2008-та и ќеркичката Самер Рејн која ја роди во август 2014-та.
4. Хилари Даф
Хилари Даф има 29 години и е мајка на синчето Лука кое го доби во 2012-та година. Неа имавме можност да ја гледаме во „Lizzie McGuire“ и „Cadet Kelly“ како малечка.
5. Хајден Пенетиер
27-годишната Хајден Пенетиер е мајка на ќеркичката Каја која на 9-ти декември наполни 2 години.
6. Бритни Спирс
Како и Кристина Агилера, така и Бритни беше дел од „The Mickey Mouse Club“. 35-годишната пејачка денес има два сина.
7. Ен Хатавеј
Кој може да ја заборави Хатавеј како Миа Термополис од „The Princess Diaries“? Таа во март 2016-та година го доби своето прво дете, синчето Џонатан.
8. Џастин Тимберлејк
Заедно со Кристина Агилера и Бритни Спирс тој беше дел од „The Mickey Mouse Club“. Денес тој има синче со актерката Џесика Бил.
Н. Г. | Црнобело