Првите фотки од тајната венчавка на Марго Роби
- Детали
- вторник, 20 декември 2016
Марго Роби официјално потврди дека стапи во брак со нејзиното долгогодишно момче, Том Акерли, со најинтересната Инстаграм фотка.
Парот првпат се запознал за време на снимањето на филмот „Suite Française“ во 2013-та година.
Оттогаш, па навака, се неразделни.
Тајната венчавка се случила на приватен имот во Корабел, Бајрон Беј, Австралија, каде 26-годишната актерка носела едноставен фустан во бохо стил со тантела и откриени раменици.
Според малиот број на фотки кои се направени случајно, церемонијата се случила после 4 часот пред бел шатор и околу 50 гости.
Набрзо потоа, следеше фотката на Инстаграм која дефинитивно потврди дека Марго Роби рипна во тавче:
Н. Г. | Црнобело