Кајли Џенер открива: Зошто почнав да ги полнам усните?
- Детали
- вторник, 22 ноември 2016
Кога Кајли Џенер првпат почнала да употребува инјекции за полнење на усните, сè уште немала ниту 17 години. Ова е факт кој долго време го негираше.
Големината на усните „отсекогаш биле моја најголема несигурност“ - објаснува таа за списанието Complex.
Несигурноста започнала уште на мала возраст.
„Се бакнував со едно момче кое после тоа ми кажа дека сум имала мали усни, но добро сум се бакнувала. Ми кажа дека очекувал да не се бакнувам добро заради малите усни“ - објаснува таа.
Токму затоа, решила да почне со полнење на усните, но тоа да го крие од јавноста затоа што сметала дека тоа е нејзина одговорност како модел по кој се огледуваат многу млади луѓе.
„Што ако отворено кажам - Да, си ги зголемив усните? Што ќе мислат многу мајки за мене? Децата кои ми се фанови ќе мислат дека сум луда. Не сакам лошо да влијаам на нив. Но, очигледно мислеа дека сум луда само затоа што лажев.“ - додава таа.
„Посакувам да бев искрена уште од самиот почеток“.
Понатаму продолжува да зборува за моментот кога првпат ќе употребите инјекции за полнење на усните: „Се навлекувате многу брзо и размислувате за следното полнење, но јас никогаш не сум претерала. Сè уште користам инјекции за полнење, но никогаш не сум направила пластична операција. Токму заради тоа, ме нервира кога луѓето ќе кажат дека сум пластична, кога не сум“.
Н. Г. | Црнобело