Емотивниот говор на Селена Гомез на АМА: „Бев скршена однатре, морав да се лекувам“
- Детали
- понеделник, 21 ноември 2016
Селена Гомез со солзи во очите се отвори и зборуваше за анксиозноста и депресијата на бина на АМА, откако ја доби наградата за Најдобар женски поп/рок артист.
24-годишната пејачка одржа емотивен говор за анксиозното нарушување и депресијата кои ја натерале да побара лекување и пауза од шоубизнисот.
Селена храбро се обрати на публиката во театарот Microsoft во Лос Анџелес велејќи: „Во 2014-та година оваа бина беше првото место каде бев 100% искрена и автентична со сите вас“.
„Мислам дека можам да кажам дека сите вие знаете многу за мојот живот без разлика на тоа дали ми се допаѓа или не. Морав да запрам, бев апсолутно искршена однатре“ - продолжи.
Пејачката призна дека дел од проблемот е што премногу напорно се обидела да работи за да ги задоволи желбите на сите.
„Се држев прибрана доволно за да не ве разочарам, но бев премногу воздржана, до тој степен што се изневерив самата себе“ - додаде.
„Признанијата повеќе не ми се важни. А, она што можам да го кажам од сето мое срце е дека сум благодарна што имам можност да ја споделувам мојата љубов секојдневно со оние луѓе кои ги сакам.“ - заклучи.
Долу меѓу публиката ја пречека Лејди Гага, а потоа зад сцена споделија и прегратка:
А, и нејзината најдобра пријателка, Тејлор Свифт, ја поддржуваше од дома:
Емотивниот говор на Селена Гомез:
Congrats, Selena Gomez! 🎉 Here she is with a sweet message when accepting the #AMAs for Favorite Female Artist- Pop/Rock!
Posted by American Music Awards on Sunday, November 20, 2016
Н. Г. | Црнобело