Пени од The Big Bang Theory: Пластичните операции ми се најпаметната одлука во животот
- Детали
- петок, 18 ноември 2016
Кејли Куоко јавно изјави дека пластичните операции се „најдобрата работа“ која некогаш ѝ се случила.
31-годишната актерка се отвори и јавно проговори во интервју за декемвриското издание на Women’s Health, за тоа како операциите ѝ помогнале да остане во форма.
„Колку и да се сакате себеси однатре, жал ми е, ама морам да кажам, сакате да изгледате добро и однадвор“ - изјави Куоко која ja глуми Пени во The Big Bang Theory.
Куоко понатаму детално ги опишува сите пластични операции кои некогаш ги направила.
„Пред многу години, имав операција на носот, потоа на градите, неодамна употребив филер за вратот...“.
„Мислам дека ова не треба да го правите за маж или за било кој друг, туку за да бидете полни со самодоверба и да се чувствувате неверојатно“ - додава.
Изјавила и дека јогата е спортот кој најмногу ѝ одговара и ѝ помага да остане здрава и убава.
„Пробав трчање, пробав фитнес, но ништо не ме мотивираше. Јогата со години ми помага да бидам во форма“ - вели таа.
Покрај физичкото релаксирање таа вели дека јогата ви помага и да се ослободите од емоциите.
„Многупати ми се има случено да плачам за време на вежбање, но од потта никој ништо не може да забележи“.
Н. Г. | Црнобело