По Џастин Бибер, и Кендал Џенер го избриша Инстаграм профилот
- Детали
- понеделник, 14 ноември 2016
Инстаграм корисниците неодамна почнаа да се навикнуваат на фактот дека Џастин Бибер повеќе нема свој профил на оваа социјална мрежа, а по него следи и Кендал Џенер.
Во неделата, 20-годишниот модел го избриша својот профил, па сега ако се обидете да го пребарате нејзиниот профил ќе наидете на „Sorry, this page isn’t available“.
Последните нејзини објави беа стандардни, посветени на раѓањето на нејзината внук Дрим, фотки од дружбите со пријателките Бела Хадид и Карли Клос и објави со кои таа ги поттикнуваше Американците да гласаат за претседател.
Но, по фотосесијата за „Vogue España“ каде таа е прикажана како балерина, многу професионални балерини започнаа да даваат негативни коментари.
На нејзината онлајн страна таа објасни: „За шпанскиот Вог, воопшто не знаев дека ќе бидат балерниа сè додека не започнавме со шминкање и средување на фризурата. Никогаш не кажав дека знам балет и не се подготвував претходно. Јас само си ја вршам работата“.
Негативните критики беа причина да го избрише својот Инстаграм профил.
Претходно во интервју за „Allure“ изјави: „Имам многу блиски пријатели и членови во семејството кои се толку многу зависни од телефонот што никогаш не можат да престанат, барем за момент да гледаат во него. Тоа е моментот кога сфатив дека не сакам да се случи тоа и со мене.“
„Понекогаш ги бришам моите профили на Инстаграм, Твитер или Снепчет за неколку дена да одморам“ - додаде во тоа интервју.
Дали и овојпат е само на неколку дена?
Само Кендал знае, а фановите сè уште може да ја следат на Фејсбук, Снепчет и Твитер.
Н. Г. | Црнобело