Бред Пит и Анџелина Џоли се согласни: Кој ќе биде старател на децата?

Според нова изјава на адвокатот кој ја претставува Анџелина Џоли, Џоли и Пит веќе се истовремено согласни за тоа кој ќе биде старател на 6-те деца.

pred-pit-i-andzelina-dzoli-se-soglasni-koj-kje-bide-staratel-na-decata-01_copy_copy.jpg

Но, адвокатот кој го претставува Пит сè уште ја нема потврдено истата информација.

Адвокатот на Џоли тврди, дека: „Можеме да потврдиме дека социјалните работници поттикнаа да се прифати легалната согласност и да се потпише од двете страни уште пред една недела. Според овој документ, 6-те деца се под старателство на нивната мајка, а децата ќе продолжат да имаат терапевтски посети со нивниот татко. Ова е одлучено од социјалните работници во најдобар интерес за децата“.

Двојката е согласна на привремен план кој подразбира психотерапија и посети како што е предложено од „County Department of Children and Family Services“ во Лос Анџелес.

Но, според блиски извори, ова не е конечна одлука, туку само привремена.

Џоли на 19-ти септември побара само таа да биде легален старател на децата, но минатата недела Пит побарал заедничко старателство.

И покрај тврдењата на агентот на Анџелина Џоли, извори блиски на актерот, тврдат дека Пит ќе продолжи да се бори за заедничко старателство.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Бред Пит разочаран, Анџелина Џоли среќна – Шајло се откажа од презимето на татко ѝ преку весник Биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ п...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Родителите на Бред Пит скршени од болка бидејќи не ги гледаат внуците: „Поминаа 8 години“ „Имаат над 80 години и не им се верува дека можеби никогаш повеќе нема да ги вид...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Анџелина Џоли најмила убиец во младоста за да ја убие: „Тој ме премисли – ме натера да сфатам дека т... „Беше навистина учтив и ми рече да размислам убаво па да го побарам по два месец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg