Писмото на Мис Исланд, откако ѝ кажале дека е предебела за да се натпреварува
- Детали
- понеделник, 31 октомври 2016
Мис Исланд го напушти интернационалното натпреварување за убавина откако судиите и кажале да изгуби неколку килограми до финалето, бидејќи има премногу сало на неа.
Неколку часа подоцна, следуваше збогување преку писмо.
Претставничката од Исланд, Арна, им порача на организаторите, вработените и судиите:
„Јас сум силна жена, но понекогаш мојата сила не е доволна.
Вашите вработени ми кажаа дека морам да изгубам неколку килограми за финалето бидејќи имам премногу масти на мене и исто така рамениците ми биле премногу широки.
Ми рекоа да јадам помалку и дека тогаш ќе ви се допаднам.
Одлучив да заминам. Бев Мис на Исланд, на 14-то место за Мис Свет, победив на уште еден натпревар (Мис ЕМ) и со сите мои квалитети и искуство, доаѓам со страст и напорна работа на вашето натпреварување.
4 дена пред натпреварувањето, тие ми велат дека сум премногу дебела. Всушност, ако било кој ми каже дека сум дебела или што и да е, не ме заслужува. И токму затоа заминав.
Мис Гранд Интернационал не го заслужува моето лице, тело, мојата личност или срце.
Навистина се надевам дека организацијата ќе ги отвори очите бидејќи живееме во 2016-та година и ако сте подготвени да организирате интернационално натпреварување, треба да бидете способни да ја прифатите интернационалната убавина.
Во мојата земја, мојот облик на тело е совршен. И тоа е тоа што ќе го запаметам. Никој никогаш нема да ме убеди во нешто поразлично.
Се надевам дека финалето ќе биде одлично. Знам дека шоуто ќе биде.“
М. Д. | Црнобело