Прв дел: Во што се маскираа ѕвездите за Ноќта на вештерките 2016?
- Детали
- понеделник, 31 октомври 2016
Ѕвездите секоја година на ист датум - 31-ви октомври, денот кога е Ноќта на вештерките, се трудат максимално да ја импресионираат јавноста со уникатните маски.
На пример, добро знаеме дека Хајди Клум секоја година со месеци однапред се подготвува.
Оваа година уште многу други ѕвезди изненадија со своите маски.
Така, Кајли Џенер одлично се маскирала како Кристина Агилера во спотот за песната „Dirrty“:
Британскиот рапер Тини Темпа како Бетмен, а за неговата маска дури и има специјален автомобил да изгледа како бетмобилот:
Џесика Алба е совршена Едина Монсун од „Absolutely Fabulous“:
Поранешната девојка на Зeјн Малик, Пери Едвардс е совршена Отровна Ајви:
Алесандра Абросио се обидела да ја копира Хајди Клум со минатогодишниот костим како Џесика Ребит:
Некои од најдобрите маски на славните за Ноќта на вештерките:
Н. Г. | Црнобело