Џенифер Лоренс ги собра сите погледи во креација на Ели Сааб (фото)
- Детали
- понеделник, 31 октомври 2016
На овогодинешните „Britannia“ награди кои се одржаа во Беверли Хилс, Калифорнија, 26-годишната актерка блесна во креацијата со боја на шампањ на либанскиот дизајнер Ели Сааб.
Џенифер Лоренс, миленичката од трилогијата „Hunger Games“ и оскаровскиот „Joy“, храбро позираше во секси фустанот, дел од колекцијата „пролет/лето 2017“, со едноставно собрана коса, без многу блескави модни додатоци, дозволувајќи ѝ на облеката да зборува сама за себе.
На манифестацијата, таа ја презентираше и ѝ ја додели наградата „Kubrick“ на Џоди Фостер, со која играше заедно во филмот „The Beaver“ од 2011-та година.
Само неколку денови претходно, Лоренс се појави на црвениот тепих заедно со колешката Ема Стоун, на премиерата на нејзиниот најнов филм „La La Land“, во кој Стоун глуми покрај Рајан Гослинг.
(О)Милена | Црнобело