10 актери кои биле пијани за време на снимање на филм
- Детали
- понеделник, 30 ноември -0001
За повеќето луѓе една пијачка после долгиот напорен работен ден е нормална работа. Но, што ако пијачките се за време на работа?
Од друга страна, повеќето луѓе не се актери на филмска сцена каде повеќето од нив постојано се под голем стрес и многу често се соочуваат со непријатни ситуации.
8 актери кои биле пијани на сцена:
1. Ана Кендрик во „Drinking Buddies“
Ана тврди дека некој ѝ го заменил безалкохолното пиво со алкохолно, а сфатила дека е пијана откако веќе го испила. „Пиев пиво без знаење, а сфатив дека пијам откако веќе го имав испиено и без пијана“.
2. Шаја Лабаф во „Lawless“
Ако ја знаете тематиката на филмот, тогаш нема ни да ве чуди. Шаја глуми човек кој нелегално пренесува алкохолни пијалаци во земјата, па за да влезе во улогата, често се појавувал пијан на сцена.
„Го направив ова со причина. Кога се појавив на сцена изгледав како алкохоличар со потечени очи и лице“ - изјавил.
3. Маргот Роби во „The Wolf of Wall Street“
За секс сцената со Леонардо ди Каприо, Маргот испила три шота текила за да се смири.
4. Бред Пит и Едвард Нортон во „Fight Club“
За време на снимањето, режисерот Дејвид Динчер случајно ги снимил Бред Пит и Ед како удираат голф топчиња после неколку пијачки и не погрешил што го направил тоа, бидејќи ова е една од најкултните сцени во филмот.
5. Натали Портман и Мила Кунис во „Black Swan“
Како што кажува режисерот Дерен Аронофски, двете актерки испиле по неколку чаши текила пред секс сцените за да се релаксираат.
6. Џенифер Лоренс во „Catching Fire“
За време на снимањето на овој филм, Џенифер јавно има признато дека пиела пиња колади кога и било здодевно.
7. Даниел Редклиф во „Harry Potter“
Даниел јавно има признато дека пред снимањето, претходните вечери често пиел, а следниот ден доаѓал сè уште пијан на работа.
8. Џули Ендрус во „The Sound of Music“
Џули често знаела да биде пијана додека свирела на гитарата.
Н. Г. | Црнобело