Последното интервју на Ксенија

poslednoto-intervju-na-ksenija-pajcin-povekjeТрагично настраданата Ксенија Пајчин го даде своето последно интервју во четвртокот, на 11-ти март, само 5 дена пред смртта. Таа гостувала во емисијата...

 

...на Оља Црногорац на ТВ Кошава. Во продолжение е дел од интервјуто.

Во еден момент таа изјавила дека и доаѓа “да се убие“ но, најшокантен дел од целото интервју е последната реченица...

poslednoto-intervju-na-ksenija-pajcin-1

Оља: Што е за тебе поим за женска убавина?

Ксенија: Да имаш енергија, харизма, да бидеш емотивна...

Оља: Шармантна, помалку мистериозна ...

Ксенија: И да бидеш дама, понекогаш домино- дама.

Оља: Во Милано одиш да работиш како модел, колку врем? Стануваш наутро и ти даваат мапа каде ти е назначено каде треба да одиш на кастинг?

Ксенија: Мене тоа ми беше ужасно тешко, тоа будење во 10 часот наутро. Тоа беше кога имав 15 години, а сега имам 32, така што ми беше интересно да го одработам тој дел од својот живот. Постојано слушаш колку си убава и ти делат комплименти. Меѓутоа многу често плачев и по месец дена ургирав да се вратам дома.

Оља: Каков е животот таму?

Ксенија: Ужасно досаден, храната е ограничена, а мене тоа не ме исполнува. Јас сакам да играм и не се пронајдов во таа приказна. Одработив се што побараа од мене иако не ми беше најсјајно и се откажав во рекорден рок.

poslednoto-intervju-na-ksenija-pajcin-2

Оља: Потоа се врати во Белград и ја започна својата музичка кариера. Каде беше твојот прв настап и како ги потроши првите заработени пари?

Ксенија: Тоа беше пред 15 години, а јас наскоро ќе наполнам 33..уф...првите пари? Па,на облека. Некогаш бев опседната со купување парталчиња, но не и денес.

Марјан: Луѓето многу сакаат да те гледаат на настапите. Колку време се имаш подготвувано за денес тие да изгледаат светски?

Ксенија: Отсекогаш се трудев за сценските настапи, тоа го знаат и моите колешки кои ме викаа да настапувам пред 10 и повеќе години.

Марјан: Една од нив и ја подготвуваше за настап на Беовизија? Ќе кажеме ли која?

Ксенија: Јелена Карлеуша, единствената личност која има карактер.

Марјан: Кој танцува добро покрај тебе?

Ксенија: Никој не танцува добро како јас (се смее). Ах, да , Весна...морам да кажама дека никој нема таков сексипил како јас...

poslednoto-intervju-na-ksenija-pajcin-3

Оља: Дали би променила некој дел од своето тело?

Ксенија: Можеби би имала подолги трепки, сметам дека се што ви недостасува треба да се поправи како што јас ги направив моите гради кога имав 27 години, а усните не се ни рачунаат за операција- тоа се прави за неколку минути, па зошто да не?

Оља: Да поминеме на темата која најмногу го интересира машкиот род, дали се сеќаваш на твојата прва љубов?

Ксенија: Се сеќавам одлично, тоа беше Ѕвездан, мојот прв дечко...

Марјан: Каква си кога си заљубена?

Ксенија: Страствена, не сум посесивна ниту романтична, а не сум ни љубоморна.

Оља: Како ги тераш мажите да го прават она што ти сакаш? Дали си манипулатор?

Ксенија: Ова мајка ми ти го кажала? Не сум манипулатор, можеби ако некој ми дозволи. Не сакам многу да разговарам, ако ме сака сам ќе сфати.

Оља: Кое ти било најтешко разделување и дали тој бил иницијатор?

Ксенија: Со Ѕвездан. Иницијатор не постои, никогаш никој не ме оставил.

Оља: Под кој изговор ти ги оставаш?

Ксенија: Му велам дека е мајмун, сељачиште и да ме остави на мира затоа што не можам да го поднесам. Шала на страна, јас сам долго во оваа работа, и секогаш имало момци кои се борат за нешто, а и самите не знаат за што..

Оља: Што им пречи најмногу?

Ксенија: Тоа што сум своја, тоа секогаш најмногу им пречи, и затоа треба да имате вистински луѓе околу себе, како јас во моментов, затоа што генерално многу патам и сум ужасно емотивна..

Некој од публиката: Прилично си енергична, дали некогаш се смируваш со некоја книга и која ти е омилена?

Ксенија: Има една книга која се обидувам да ја прелистам и проголтам – “Тајна“.

Прашање изненадување: Најголема заблуда која ја имаат луѓето за тебе?

Ксенија: Па не знам, постојат многу напишани заблуди. Мене во очите ми се гледа колку сум емотивна и тоа страшно многу ме нервира, што ми доаѓа да се убијам. Се шегувам. Мислам дека најголема заблуда е дека сум ненормална риба која кажува се и сешто, иако таква сум во некои моменти.

poslednoto-intervju-na-ksenija-pajcin-4

Оља: Сите знаеме дека си во врска со помладиот Филип Каписода, колку трае вашата врска и кој иницираше средба? Чув дека на некоја ревија тој изразил желба да те запознае?

Ксенија: Да, на ревија. Тој гледал во мене јас не сум го забележала во тој момент, но беше интересен дечко кој штотуку почнал да созрева. После неколку месеци се сретнавме додека правев интервју, а тој беше пријател на Гога (Секулиќ) и толку инсистираа да... Па, немав каде, тој беше толку згоден и маркантен каков што јас сакам. Дечко кој може да ги задоволи моите потреби кои се тешки за задоволување. Нема многу, но, ниту еден дечко не е доволен.

Марјан: Како реагираше кога дозна дека Филип е 87-мо годиште?

Ксенија: Јас тоа го знаев одма, беше клинец кој имаше 20 години. Тогаш велеше дека Оља Црногорац и Ксенија Пајчин се супер женски, што мене ми годеше, ми беше супер дечко и знаеше што е вистинска жена.

Оља: Сите знаеме дека прекинавте на 1 година, како се смиривте, кој беше иницијатор? Слушнав дека средбата била на аеродромот..

Ксенија: Па, ете, јас не успеав да останам имуна, како кога сфаќаш дека ете тој ти одговара.

Марјан: Како му ја прости изјавата кога рече дека си го искористила за маркетинг додека беше во Големиот брат?

Ксенија: Рече дека не бил свесен за тоа и дека некои луѓе влијаеле на него.

Марјан: Кои луѓе? Некои пријатели?

Ксенија: Попрво би рекла непријатели.

Марјан: Дали тој и понатаму се дружи со нив?

Ксенија: Филип не смее да се дружи со моите непријатели.

poslednoto-intervju-na-ksenija-pajcin-5

Марјан: Слушнав дека Гога Секулиќ коментирала дека не смеела да му пријде и да му се јави...

Ксенија: Тоа е нејзин проблем, таа секогаш можела и да дојде и да се јави, незнам зошто не се има појавено одамна...

Прашање од публиката: Дали планираш да се омажиш и кога?

Ксенија: Па еве само што се породив, но изгледам добро...

Оља: Тоа е заради написите во весниците дека си трудна? Зошто го криеш тоа?

Ксенија: Шала на страна, не планирам такво нешто. Ужасно се плашам од бракот и да бидам бремена. Паѓам во несвест кога ќе видам деца, се плашам од брак, од помислата да се најдам некаде само со еден човек и да тоа е тоа, доста веќе ќе паднам во несвест. Инаку сакам деца, навистина.

Оља: Твоите настапи се многу енергични, креваш се на нозе, што е најоткачено нешто кое си го направила во животот?

Ксенија: 97ма или 98 година на Ада, а радио Пингвин јавува “Ксенија Пајчин се наоѓа на банџи и се подготвува да скока“, а јас едвај се искачив да видам само колку е високо, и што ми остана – скокнав!

Оља: Кажи ми за крај, што нема никогаш да си простиш себе си, а што на другите?

Ксенија: Себе нема да си простам што сум толку емотивна, а другите што не се такви какви што јас сум мислела дека се. Јас простувам се. Моја дефиниција за човекот е дека Бог ти го дал животот да бидеш на земјата, а ти ако не си подготвен за тоа – не треба да бидеш тука, или ако си емотивен како јас- тогаш треба да размислиш уште колку долго треба да бидеш овде.

Би можело да ве интересира:

Ѕвезди кои имаа(т) најлоши заби во Холивуд: Пожолтена боја, поткршени делови „Кога гледам луѓе со совршени заби, се нервирам. Подобро би голтнал бубачка, отк...
Пропаста на ѕвездата од Baywatch, Јасмин Блит: Ја избркаа од серијата бидејќи била под наркотици пос... „Од честото користење кокаин, имав инфекција на носот. А, кога го дував носот, м...
Џеј Ло првпат искоментира зошто Бен е мизерен на сите фотографии „Бен е среќен! Нема потреба да се грижите за него!“ – нагласи Џеј Ло, во моменто...
Луис Фонси ја има најзгодната сопруга, извајана на 43 години - издоминира и на Латино Греми наградит... „Со Луис се запознавме пред повеќе од 14 години, преку заеднички пријател, и ста...
Славни личности кои не сакаат да се тетовираат (и зошто) На прашањето зошто нема тетоважи, Ким Кардашијан одговори: „Дали ти би ставила н...
Тон емоции и љубов – Малума објави први фотки од раѓањето на ќерката Ја бакнува ќерката на главата, ја бакнува и преморената партнерка – Малума објав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg