Џеј Ло првпат искоментира зошто Бен е мизерен на сите фотографии

„Бен е среќен! Нема потреба да се грижите за него!“ – нагласи Џеј Ло, во моментот кога ја прашаа зошто на сите папараци фотки изгледа „мизерно“ и како да му е смачено од животот.

djej-lo-za-prvpat-iskomentira-zoshto-ben-e-mizeren-na-site-fotografii-01.jpg

Се чини дека секојпат кога папараците ќе го фотографираат Бен Афлек, тој има мизерен и тажен израз на лицето, делува како да се кара со сопругата или како нервозно да ѝ ја треска вратата од автомобилот, па заради тоа многумина коментираат дека на нивниот брак му се ближи крајот.

djej-lo-za-prvpat-iskomentira-zoshto-ben-e-mizeren-na-site-fotografii-02.jpg

Пред неколку дена, пред доделувањето на наградите Златни Глобуси 2024, неговата сопруга Џенифер Лопез даде изјава во медиумите каде го прокоментира неговиот постојан мизерен израз на лицето, а нејзината изјава стана хит на социјалните мрежи:

„Бен е супер! Само да ви напоменам, нема потреба да се грижите за Бен.

Тој е добар, среќен е! Тука е, и номиниран е за награда“.

djej-lo-za-prvpat-iskomentira-zoshto-ben-e-mizeren-na-site-fotografii-11.jpg

А, потоа додаде дека не сфаќа зошто изразот на лицето на нејзиниот сопруг постојано завршува на насловните страници и нагласи дека тој постојано повторува: „Супер сум! Не знам зошто луѓето си создаваат притисок?“

@entertainmenttonight

Jennifer Lopez is making sure everyone knows Ben Affleck is doing alright 😂 #jenniferlopez #benaffleck

♬ original sound - Entertainment Tonight - Entertainment Tonight

Инаку, Daily Mail повикувајќи се на сопствени извори, пишува дека Бен нема проблеми во бракот со Џеј Ло, но му печи тоа што постојано ги следат папараци и чувствува дека никаде не може да мрдне без да биде фотографиран.

„Тоа е дел од денот кој го излудува, и тоа е дел од неговото секојдневие, па на крај изгледа како да се расправа со луѓето со кои е во моментот или дека му пречи нешто околу него, а всушност е изнервиран затоа што некои фотографи се ужасни кон него“.

djej-lo-za-prvpat-iskomentira-zoshto-ben-e-mizeren-na-site-fotografii-06.jpg

Наводно, секојпат кога ќе го видиме Бен изнервиран и мизерен, тоа е заради тоа што некој го фотографира, а не затоа што се лути на сопругата.

djej-lo-za-prvpat-iskomentira-zoshto-ben-e-mizeren-na-site-fotografii-10.jpg

Нивниот брак не е во криза, а Бен најчесто не знае како да го скрие гневот упатен кон фотографите кои го следат каде и да оди.

djej-lo-za-prvpat-iskomentira-zoshto-ben-e-mizeren-na-site-fotografii-09.jpg

Прочитајте и Секојпат кога на Бен Афлек му е „смачено“ од животот, завршува како хит-меме – Најсмешните папарацо фотки од актерот

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...
Естетски хирург открива кои се маните на лицето на Анџелина Џоли што не може да се поправат „Жените ја сакаат Анџелина Џоли, а навистина не знам зошто“ – вели познат австра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg