Алиша Кис го покажа дечкото
- Детали
- среда, 17 март 2010
Убавата Алиша Кис за прв пат пред јавноста излезе со својот долгогодишен љубовник, музичкиот продуцент Свиз Битз. Иако својата врска со години...
... ја криеjа од медиумите поради тоа што Свиз е сеуште во брак, се чини дека заљубената двојка крена раце од љубопитните објективи на папараците па конечно се одлучија и јавно да ја признаат својата врска.
Имено, двојката се појави на доделувањето на Готнам Магазин наградите, посреќни од било кога, разменуваа нежности пред очите на јавноста. Колку за потсетување за 29-от роденден на Алиша, Свиз и подари веренички прстен од 7-каратно бело злато.
Сепак, заљубените ќе мораат да почекаат за свадба со оглед на тоа дека Свиз се уште е во брак. Продуцентот кој со Алиша соработуваше професионално во 2004 година, се ожени со рнб пејачката Машонда, со која има 2 деца. Пет години подоцна пејачката и продуцентот и откриваат на јавноста дека се разведуваат, а како главен кривец за нивниот прекин е токму Алиша.