Познати личности кои пораснале како сирачиња
- Детали
- понеделник, 03 октомври 2016
Постојат многу причини зошто некои родители се одлучуваат да ги остават своите деца во дом за сирачиња, но исто така постојат и многу причини заради кои одредени луѓе се одлучуваат да станат родители токму на оние деца кои останале без биолошките родители.
Примери за деца без родители има и меѓу познатите:
1. Мајк Тајсон
Тајсон е роден во Бруклин, Њујорк и има постар брат Родни и сестра Денис која починала од срцев удар. На изводот на Тајсон напишан е „Парсел Тајсон“ како биолошки родител, но Мајк целиот свој живот знаел само за еден татко, Џими Киркпатрик.
2. Стив Џобс
Основачот на Apple младоста ја поминал во семејството на Пол и Клара Џобс кои го посвоиле откако Клара не успеала да остане бремена. Неговите биолошки родители го оставиле на посвојување откако мајка му Џоен Керол Шајбл добила забрана од татко ѝ да се гледа со таткото на Џобс, Абдулфата Џон Џандали од Сирија.
3. Никол Ричи
Лајонел Ричи и неговата сопруга Бренда, ја посвоиле Никол кога имала 9 години. Нејзините биолошки родители, Питер Есцоведо и Карен Мос, сметале дека не можат доволно добро да се грижат за неа, па ја оставиле на нивниот пријател Ричи.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





