Никој не сакал да го купи ова огромно плишано мече, сè додека не се појавила Анџелина Џоли
- Детали
- вторник, 06 септември 2016
Две братчиња, Ален и Брендон Александар, се обиделе да го продадат ова огромно мече на улиците на Лос Анџелес.
Но, никој не застанал да праша за неговата цена.
Таткото на двете братчиња побарал од нив да заработат сами пари, па така решиле да го продадат 2,5 метри високото мече.
Кога никој не се заинтересирал, момчињата се разочарале.
За среќа, разочарувањето траело кратко, односно додека не се паркирал автомобил од кој излегла Анџелина Џоли со нејзината ќерка Шајло.
Без размислување, ја купиле огромната мечка.
Додека дечињата барале скромни $50 долари, Џоли ги изненадила со добродушна, поголема понуда.
Без сомнеж, ова е денот кој засекогаш ќе го паметат и раскажуваат.
М. Д. | Црнобело