Фотката со која Ким Кардашијан се гордее: Норт Вест ги обожава чизмите на мама
- Детали
- вторник, 16 август 2016
Како и многу други девојчиња кои обожавале да трчаат наоколу низ домот со штиклите на мама или нејзината облека и чанти, така и Норт Вест сака да ги носи работите на мама Ким Кардашијан.
3-годишната ќерка на Ким очигледно ги обожава нејзините „Balenciaga“ сребрени чизми кои чинат $1.550 долари.
Па секако, гордата мајка, решила да ја сподели оваа љубов и со своите фанови и следбеници на Инстаграм со неодолива фотка каде Норт лежи насмеана на подот заедно со нејзините омилени чевли:
„Не очекував дека ќе се случи олку рано... моето девојченце ми ги краде чевлите. Барем има добар вкус # Balenciaga“ - напишала гордата мајка на фотографијата.
Н. Г. | Црнобело