Дејвид Бекам размени насмевка со згодна непозната бринета
- Детали
- понеделник, 08 август 2016
Оние кои добро го знаат семејството Бекамови, велат дека Дејвид Бекам отсекогаш бил попристапен за разлика од неговата сопруга, Викторија.
Па, не е ни чудно што 41-годишниот Бекам, неодамна случајно размени шега и насмевки со две жени во западен Холивуд.
Поранешниот фудбалер дури и е фотографиран со широка блескава насмевка насочена кон една згодна бринета и нејзината пријателка, надвор пред продавницата „Erewhon Natural Food“.
Поранешниот капитен во моментов е на одмор во Калифорнија заедно со сопругата и нивните четири деца, Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.
Бекамови поголемиот дел од одморот го поминуваат во Лос Анџелес каде претходно живееја цели 5 години, но моментално живеат во Лондон и таму престојуваат за време на школските денови каде децата се запишани на училиште.
Н. Г. | Црнобело