Во кревет со Ким и Канје (фото)
- Детали
- петок, 29 јули 2016
Ким и Канје се новите ѕвезди на насловната на Harper’s Bazar, заедно со нивното интервју на неколку страни и фотките направени во кревет.
Во интервјуто Ким открива дека омилен дел од неговото тело ѝ е срцето и нозете кои отсекогаш ѝ се допаѓале.
Канје пак, на прашањето што најмногу му се допаѓа за Ким одговара: „Нејзините голи селфи фотки.“
„Ги сакам оние од страна, одзади, однапред. Едноставно сакам да ја гледам гола. Сакам голотија. И сакам убави форми на тело. Имам чувство како да е некое дело излезено од ренесансата, слика, модерна верзија на некоја слика. Важно ми е Ким да биде во најдобра форма. Да не го покаже телото е исто како Адел да не пее.“
М. Д. | Црнобело