Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер денес ќе го кажат судбоносното „да“ во Венеција
- Детали
- вторник, 12 јули 2016
Српската тенисерка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер вчера пристигнале во Венеција, а денес е го кажат судбоносното „да“ на гламурозна церемонија во луксузниот хотел „Aman kanal grande“.
Нивната свадба која требаше да се случи прво на 5-ти јули се одложи заради професионални обврски на младоженците, но денес идните младоженци ќе се венчаат на истото место каде пред две години стапија во брак и Џорџ и Амал Клуни.
Иако сакаат да ја држат во тајност нивната свадба, сепак, можете да забележите неколку фотки и видео каде идните среќни младоженци уживаат во гондола на пат до нивниот хотел, а и го пречекуваат семејството за големиот момент.
Блиски извори на двојката, велат дека првиот танц ќе биде додека пее хрватската пејачка Нина Бадриќ.
Н. Г. | Црнобело