Емили Ратајковски гола, на бел коњ за Harper's Bazaar (фото)
- Детали
- петок, 08 јули 2016
Во следното издание на Harper's Bazaar кое се очекува на почетокот на август, Емили Ратајковски е главната ѕвезда.
Успешниот модел позира целосно гола, на бел коњ, со минимална покриеност на интимните делови. Но, како што самата тврди, позирањето гола не секогаш е без цел.
Во интервјуто за магазинот, Ратајковски искажува револт за голото селфи на Ким Кардашијан, кое беше опишано како срамно и општо неприфатено од поголемиот дел на публиката.
Ким во еден наврат ми рече: „Знаеш, кога Лена Данам се соблече, беше критикувана, но беше и опишана како храбра жена, кога Џастин Бибер ја соблече својата маица, влезе во светот на возрасните. Но, кога сексапилна жена ќе ја соблече својата маица, мора да има скриени намери...“
„Целата идеја е дека кога Ким ќе направи голо селфи, само бара внимание. Не, грешка сте. Жената може да бара внимание, но и да испрати порака со тоа голо селфи. Тие две работи не се исклучуваат меѓусебно,“ Емили застанува во одбрана.
За таа цел на неколку часа Ратајковски се претвори во Лејди Годива:
М. Д. | Црнобело