Јелена и Новак Ѓоковиќ се поборници за здрав живот, што позитивно влијае и на менито на Стефан.
-->
Откако Јелена стана активна на Инстаграм, обожава да споделува фотки и рецепти, а во најновиот пост откри како ја подготвува омилената каша на нејзиното синче.
-->
„Знам дека постојано ме прашувате за рецепти. Сакам пред се да знаете дека не сум официјален нутриционист, иако изучувам онлајн курс за исхрана, но само за лични потреби.
Мојот избор се сведува на она во што самата верувам, па по тој принцип му подготвувам храна на мојот син. Тој нема никакви алергии и други здравствени проблеми, што многу ми го олеснува подготвувањето.
-->
Имам мал проблем со довербата. Кога некој ќе ми каже - Ова е здраво, пробај, добро е за тебе, јас секогаш, ама баш секогаш прво сама истражувам, размислувам како се вклопува во мојот животен стил, навиките, потребите... и потоа носам одлука.
Ова е оброкот кој Стефан обожава да го јаде. Би го препорачала на сите мајки, но не сметам дека е наменето само за дева, сите може да го пробаат. Вкусно е и богато со хранливи состојки.
-->
-->
Рецепт: индиски орев, урми, јагоди, банани. Исто така го обожава миксот од манго, спирулина и јаткасти плодови. Авокадото и бананата се добитна комбинација. Голема лага е дека само преработената храна има убав вкус,“ заклучува Јелена.