Бремената Блејк Лајвли со моден маратон од 4 фустани го промовира новиот филм
- Детали
- четврток, 23 јуни 2016
Блејк Лајвли е трудница која секој ден ни приредува модни маратони во (не)труднички фустани кои се како кроени за неа, а сега ја искористи промоцијата на новиот филм за да промени 4 фустани во 2 дена.
Светската премиера на The Shallows беше закажана за 21-ви јуни. Тогаш за црвениот тепих одбра да носи црно-бела креација од тул и корсет, чии цветни апликации успешно го камуфлираа стомачето.
Нешто подоцна промени тесен црн фустан со засеци и асиметричен долен крој.
Утредента пак, го напушти хотелот двапати, во два различни фустани.
Едниот беше тесен, црн, со странични декоративни монисти и висок шлиц, додека четвртиот избор беше широка туника со ракави кои се врзуваат.
М. Д. | Црнобело