Зошто Том Круз не си ја видел ќерката повеќе од 1.000 дена?
- Детали
- петок, 03 јуни 2016
Поминале 1.000 денови односно, повеќе од две и пол години, откако Том Круз последен пат ја видел својата ќерка Сури. Не само што немале физички контакт, туку повеќе не се ни слушале.
Том Круз и Кејти Холмс се разведоа во 2012-та година по 5 години брак, а Кејти го доби старателството над нивната ќерка.
Еден од последните пати кога тој е фотографиран заедно со својата ќерка е уште во 2012-та година.
„Оттогаш комуницираа преку Skype и пораки, но истите по извесен период исчезнаа“ - вели близок извор на актерот.
Тој исто така, додава дека како изговор за тоа што не се гледаат, Том Круз го употребува тоа што е постојано ангажиран со снимање на нови филмови.
По разводот со Кејти, Том Круз сними неколку филмови:„Rock Of Ages and Jack Reacher“ во 2012, „Oblivion“ во 2013, „Edge Of Tomorrow“ во 2014 и „Mission: Impossible - Rogue Nation“ во 2015.
Н. Г. | Црнобело