Уште едно раскинување: Крај на врската на Џиџи и Зејн
- Детали
- петок, 03 јуни 2016
По Тејлор Свифт и Калвин Харис, сега и пејачот Зејн Малик и неговата девојка супермодел, Џиџи Хадид официјално ја прекинаа 7-месечната врска.
Претходно бевме навикнати да ги гледаме среќни и заљубени на фотосесија за списанието Вог.
Па на Мет Галата.
Близок извор на двојката тврди дека во последно време често се расправале, дури и за роденденот на Џиџи.
„И за време на нејзиниот роденден се расправаа“ - изјавил изворот.
Но, расправиите и недоразбирањата не биле чудни за нив, тие и претходно раскинале, но по краток период се смириле.
Незадоволството и тагата Џиџи ги покажа на Snapchat со две фотки - на едната со шешир потенцира дека е неразположена, а на другата како да сака да му каже на Зејн: „Знам дека е очигледно, ама те сакам“.
Фановите се надеваат дека брзо ќе ги решат недоразбирањата и повторно ќе се смират.
„Зејн и Џиџи навистина раскинаа, но може и да се смират. Ништо не е јасно, не се знае што се случува помеѓу двајцата“ - тврди дури и изворот.
Н. Г. | Црнобело