Тејлор Свифт и Калвин Харис ја прекинаа врската по 15 месеци
- Детали
- четврток, 02 јуни 2016
Пејачката Тејлор Свифт и диџејот Калвин Харис ја прекинаа својата врска по 15 месеци, а според нивни блиски извори, прекинот завршил мирно.
„Немаше драма. Работите едноставно понекогаш не успеваат“ - изјавил близок извор на Тејлор.
Новостите се открија откако шкотскиот диџеј се врати во својот дом во Лос Анџелес, а потоа заминал на патување за Лондон.
26-годишната Тејлор и 32-годишниот Калвин во врска беа од март 2015-та и беа прилично посветени еден на друг.
„Ја сакаше Тејлор, не беше тип на девојка со која претходно некогаш би бил во врска. Му се допаѓаше што е со добро срце. Но, почна да го губи интересот веќе неколку месеци“ - додал блискиот извор.
Н. Г. | Црнобело