Фокс: Не им верувам на жените
- Детали
- среда, 17 февруари 2010
Сексапилната актерка Меган Фокс вели дека е "многу несигурна за својот изглед" и дека има поблем со самодовербата. Таа во интервјуто за магазинот "W"...
... вели дека не чувствува никаква поврзаност со други девојки од холивудската ѕвездена сцена.
"Не им верувам на луѓето од овој бизнис, а посебно не на жените. Нашата средина е преполна со конкуренција и не сакам да создавам пријателства со девојки на кои не им верувам", изјави ѕвездата на "Трансформери".
Taa исто така признава дека понекогаш се сомнева во своите актерски и манекенски способности. "По природа сум нервозна и несигурна во себе. Често се премислувам и чувствувам како да не сум доволно добра за да ја изработам својата задача како што треба", вели Меган.
По нејзиниот ангажман за кампањата за долна облека потпишана од "Армани", Фокс моментално е ангажирана и го снима третиот дел од "Трансформери" и го позајмува гласот во најновото продолжение на "Шрек".