Џони Деп конечно си ги смени забите кои „скапуваа“ и со кои ги згрози сите – сега има блескава насмевка
- Детали
- четврток, 05 септември 2024
Во Инстаграм видео, Џони Деп ја покажа новата насмевка, нешто повеќе од една година откако неговите фотки од Канскиот филмски фестивал станаа вирални поради расипаните заби.
Пред околу една година, откако заврши драмата со Амбер Херд, Џони Деп се појави на Канскиот филмски фестивал.
Но, тогаш, покрај со новиот филм, доста внимание привлече и со изгледот на неговите заби.
Додека скоро сите холивудски ѕвезди имаат потрошено мало богатство за нивната насмевка, актерот имаше пожолтени, па и расипани заби, а некои фанови го споредуваа и со неговиот лик Џек Спероу.
Сега, се чини Џони Деп конечно ги поправил забите.
Неодамна, актерот беше на Бахамите каде што посети локален бар.
А, еден од бармените сподели неколку видеа и фотки со него.
Во едно од видеата, актерот влегува во барот и се поздравува со присутните, а тогаш се забележува и неговата нова насмевка.
На другите објави се гледа како актерот пробува коктел со барменот, а потоа седнува да јаде со група пријатели.
Во коментари, фановите имаат само добри зборови за Џони.
„Среќна сум што го гледам како ужива“.
„Си ги средил забите! Изгледа предобро“.
„Дали тоа неговата насмевка блеска?“
„Изгледа навистина среќно и здраво! И, конечно си ги средил забите што му скапуваа!“
Актерот не се огласи за неговата насмевка на ланскиот Кански филмски фестивал, но претходно има зборувано за проблемите со забите.
Во далечната 1995-та, изјави дека до 31-иот роденден, веќе имал неколку расипани заби.
„Имав многу расипан заб што не ми го доправија.
Сега личи на мал скапан никулец во мојата уста. Не сакам совршени заби“.
Според изјавите на актерот, тој период пушел многу цигари и пиел многу црвено вино, па веројатно и затоа забите брзо му се расипувале.
Спирова С. | Црнобело