Џиџи Хадид со најскапиот маникир на Мет Галата 2016-та
- Детали
- вторник, 03 мај 2016
Ѓаволот се крие во деталите, а неговото олицетворение овојпат беа перфектните нокти на Џиџи Хадид, кои одлично го дополнуваа нејзиниот Томи Хилфигер фустан со футуристички металик елементи на Мет галата.
Ноктите на 21-годишната манекенка беа изработени од чист хром, а во внатрешноста под нив се криеја мали кристали.
Сепак, ова исклучително модно задоволство доаѓа по висока цена од $2.000 долари.
Прилично висока цена за да се издвоите од толпата, зарем не?
Џиџи зачекори на црвениот тепих со нејзиното момче Зејн Малик, во складна комбинација во духот на темата на овогодинешната Мет гала: „Manus x Machina: Fashion in an Age of Technology“.
(О)Милена | Црнобело