Кортни Кардашијан критикувана за провокативна декорација за Halloween: „Имаш мали деца, засрами се“
- Детали
- понеделник, 07 октомври 2024
Кортни Кардашијан повторно провоцира, овој пат со бизарната декорација за Ноќта на вештерките. Во дворот, Кортни ставила скелети кои се во провокативна поза, како да се бакнуваат, а нејзините следбеници сметаат дека декорацијата воопшто не е соодветна за дом со мали деца.
На почетокот од врската, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер беа познати по провокативните фотки кои многумина ги опишуваа и како невкусни.
Откако добија син во ноември минатата година, нивните вулгарни објави се речиси непостоечки, но сега повторно станаа мета на критики за нешто слично.
На својот Инстаграм профил, Кортни сподели неколку фотки со опис:
„Здраво октомври“.
Во објавата има есенски пејзажи, фотка со синчето Роки, но и дел од нејзините декорации за Ноќта на вештерките.
Една од декорациите во дворот на Кортни прикажува скелети во провокативна поза.
„Женскиот“ скелет има и вел на главата.
Во коментари доминираат критики токму за декорацијата и многумина истакнуваат дека Кортни има и мали деца.
„Скелети во таква положба? Сериозно?“
„Се прашувам што мислат твоите деца за скелетите“.
„Ова покажува дека парите не ти купуваат вкус“.
„Не е ни чудно што син ти Мејсон живее со татко му Скот…“
„Имаш деца и мислиш дека декорацијата со скелетите е соодветна?“
На истата објава, Кортни покажува и декорација со многу тикви, па се соочи и со критики за ова.
Дел од следбениците сметаат дека е невкусно што користи храна како декорација во период кога дел од САД е погоден од урагани и многу луѓе имаат потреба од помош.
„Некои немаат храна, но Кортни искористила 5.000 тикви за декорација“.
„Парите што си ги потрошила за тиквите би им помогнале на многу жртви во ураганот“.
„Јужниот дел од земјата е уништен од огромен ураган, а Кортни троши пари на декорации“.
Во меѓувреме, и Клои Кардашијан се пофали со декорациите за Ноќта на вештерките.
Ријалити ѕвездата се инспирирала од популарниот анимиран филм The Nightmare Before Christmas, а изјави дека сакала декорации што ќе им се допаднат на децата.
„Декорациите се поморничави од оние на коишто сум навикната, но годинава навистина сме во духот на празникот“.
Кајли Џенер, пак, со фотка на Инстаграм Стори покажа дека пред влезот на куќата ставила огромен скелет, а декорацијата ја дополнила со многу тикви.
Спирова С. | Црнобело