Семејството Кардашијан армија на Balmain за Мет Гала 2016-та (фото)
- Детали
- вторник, 03 мај 2016
Семејството Кардашијан повеќе од очигледно се фанови на Balmain и тоа го потврдуваат речиси на секој поважен настан, а таков е случајот и на овогодинешната Мет Гала 2016-та.
Речиси сите членови од семејството, со исклучок на Кендал Џенер, се појавија во светкави изданија креации на познатата дизајнерска куќа Balmain.
На чело, Ким Кардашијан, како што самата тврди, сакала да биде модерен секси робот и навистина со металик фустанот кој го одбрала го постигнала ефектот.
По неа следи најмладиот член на семејството, Кајли, која се појави во светкав фустан во бела боја и нивната мајка Крис Џенер во црно издание.
Исклучок на целото семејство е Кендал Џенер која се појави во Versace фустан, но изгледа подеднакво добро како и останатите членови на семејството.
Од севкупниот изглед, не треба да се изостават и светло сините очи на Канје Вест:
Н. Г. | Црнобело