Ретки фотки од 19-годишниот Принц, пред да стане суперѕвезда
- Детали
- петок, 22 април 2016
Кога Принц го објавил неговиот прв студиски албум во 1978-та година, мал број на луѓе знаеле дека тоа е почеток на нешто големо. Поточно, на дискографија која ќе се прошири на 50 албуми во период од 40 години.
Во 1977-та година, само една година пред младиот музичар да се издигне на сцената, кога имал само 19 години, сè уште бил срамежлив млад тинејџер познат како Принц Роџерс Нелсон.
Тоа можете да го забележите и на ретко видените фотографии направени пред студиото „Minneapolis’ Old Schmitt Music Headquarters“ по кои драстично го менува својот стил.
Фотографиите се направени од Роберт Витман и еден дел од нив биле употребени за рекламирање на првиот албум.
Н. Г. | Црнобело