Анџелина Џоли има уште една двојничка: Модел од видео спотот на Кајли Џенер
- Детали
- вторник, 19 април 2016
Иако за Анџелина Џоли, многумина ви рекле дека е вонсериска убавица, се чини дека една дама е прилично блиску до оваа „титула“.
21-годишната Мара Тајген, многумина започнаа да ја нарекуваат двојничка на Анџелина Џоли откако се појави во видеото на Кајли Џенер за рекламирање на нејзиниот најнов сет сјај за усни.
Во видео спотот на Кајли, кој откако се објави има над 8 милиони прегледи, Мара е една од бандитите кои работат заедно со Кајли.
Некои велат дека многу наликува на 40-годишната актерка и хуманитарка, барем повеќе од Дани Карлсон и Вероника Блек, а други цврсто се убедени дека воопшто не треба да се споредува со неа.
Што мислите вие?
Н. Г. | Црнобело