Од снимањето на „Fifty Shades Darker“: Кристијан и Анастасија со бурми
- Детали
- среда, 13 април 2016
Неодамна започна снимањето на второто продолжение на филмот „Fifty Shades of Grey“ и имавме можност да ги погледнеме првите фотографии од снимањето на романтична вечера меѓу Анастасија Стил и Кристијан Греј.
Овојпат имаме можност да погледнеме уште еден детаљ - Џејми Дорнан и Дакота Џонсон носат бурми.
Второто продолжение на книгата, „Fifty Shades Darker“, завршува така што Кристијан Греј ја бара за сопруга Анастасија, но по фотографиите се чини дека филмот ќе покаже сцени и кои оригинално припаѓаат на третото продолжение - „Fifty Shades Freed“.
Во секој случај, останува на нас, со нетрпение да го очекуваме второто продолжение на филмот кое е најавено за 10-ти февруари 2017-та година:
Н. Г. | Црнобело