Меган Фокс бремена 6 месеци по разводот - Кој е таткото?

Блиски извори на Меган Фокс открија дека актерката го очекува своето трето дете, но тоа јасно може да се забележи и од нејзиниот труднички стомак кој го покажа на CinemaCon во Лас Вегас.

megan-foks-bremena-6-meseci-po-razvodot-koj-e-tatkoto-01.jpg

29-годишната актерка се појави на CinemaCon заедно со колегата Вил Арнет за промоцијата на нивниот заеднички филм „Тeenage Mutant Ninja Turtles: Out of the Shadows“ во тесен краток фустан на Versace и го покажа своето трудничко стомаче.

Холивудската убавица уште во август 2015-та година изјави дека ќе се разведе од својот сопруг, Брајан Остин Грин, со кои беа во брак 5 години и уште 6 години во врска, а во септември разводот беше официјализиран со документи.

Двојката беше разделена и 6 месеци пред документите за развод, но останале во добри односи заради двете деца, Ноа и Боди, што многумина ги наведе да шпекулираат дека и третото дете е на Брајан Остин Грин.

Можеби го прекинаа бракот, но во последно време често можат да бидат видени заедно, дури и без децата.

Останува прашањето, дали Брајан Остин Грин ќе стане по третпат татко?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години откажаа свадба, сега разводот е неизбежен – Комплицираната љубовна приказна на Бен Аф... Гласините за разводот на Бен Афлек и Џеј Ло не стивнуваат, а наводно нивната куќ...
Најпознатата двојничка на Кејт Мидлтон: „Постојано морам да објаснувам каде сум била – ова е лудост“ „Ова е лудост. Постојано морам да давам интервјуа и изјави и да им давам на луѓе...
Џастин Бибер видно ослабен и загрижен, Хејли заштитнички настроена – Скромно ја прославија 5-тата го... На папарацо фотките од скромната прослава за 5-тата годишнина од свадбата на Џас...
Шенон Доерти бара издршка од сопругот што ја изневеруваше: „Чека да умрам за да не ми плати“ Шенон Доерти откри дека ќе го изгуби здравственото осигурување бидејќи не е во м...
Инстаграм vs. реалност: Како навистина изгледаат ѕвездите на важните настани? Размачкана шминка и по некоја брчка – ни познатите дами немаат беспрекорна кожа,...
5 години е сингл, а се појави на настан со огромен дијамантски прстен – Дали Џенифер Анистон се сврш... „Никогаш не велам никогаш, но засега не сум заинтересирана за брак“ – изјави пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg