На Кендал Џенер ѝ требаа двајца асистенти за да ги облече сандалите со врвки речиси до задникот
- Детали
- понеделник, 11 април 2016
Некој слободно би можел да каже дека потребно е цело едно „село“ за да се направат сандалите со врвки на Кендал Џенер.
Таа на црвениот тепих на овогодинешните MTV филмски награди се појави во сандали за кои било потребно вниманието на најмалку двајца луѓе.
Моделот се појави во црн фустан од Kristian Aadnevik, заедно со нејзината најдобра пријателка Џиџи Хадид. А, само за нејзините сандали од DSquared2 ѝ биле потребни двајца асистенти.
Доказ за тоа е и фотографијата која ја објавила на Инстаграм пред да се појави на црвениот тепих каде јасно се гледа дека двајца и помагаат да ги облече, намести и заврзе уникатните сандали.
Се чини и дека цела ноќ имала проблеми со постојано местење на истите.
Уникатните сандали по кои не остана незабележана на MTV музичките награди:
Н. Г. | Црнобело