Вознемирувачко видео: Селин Дион покажа како изгледа кога има напад од синдромот на вкочанета личност

Згрчени раце и нозе, солзи во очите и неможност да си го контролира телото – во нејзиниот нов документарец, Селин Дион покажа како изгледаат болните напади од болеста што ѝ беше дијагностицирана во 2022 година.

voznemiruvachko-video-selin-dion-pokazha-kako-izgleda-koga-ima-napad-od-sindromot-na-vkochaneta-lichnost-01.jpg

Вчера на Amazon Prime беше објавен новиот документарец на Селин Дион насловен I am: Celine Dion.

Документарецот главно се фокусира на битката на пејачката со болеста позната како синдром на вкочанета личност.

Болеста предизвикува вкочанување и болно грчење на мускулите, а со текот на времето, може да се вкочанат мускулите на екстремитетите што предизвикува вид парализа.

voznemiruvachko-video-selin-dion-pokazha-kako-izgleda-koga-ima-napad-od-sindromot-na-vkochaneta-lichnost-04.jpg

Засега нема лек за болеста и лекарите обично се фокусираат на олеснување на симптомите со седативи, лекови кои ги релаксираат мускулите и стероиди.

Во новиот документарец, Селин Дион покажа и како изгледа кога добива напад предизвикан од болеста.

voznemiruvachko-video-selin-dion-pokazha-kako-izgleda-koga-ima-napad-od-sindromot-na-vkochaneta-lichnost-10.jpg

Во потресниот инсерт, пејачката се грчи и не може да си го контролира телото, а еден ваков напад траел и до десет минути.

Од болката почнуваат да ѝ течат и солзи, едвај ги движи и мускулите на лицето и изгледа исплашено.

voznemiruvachko-video-selin-dion-pokazha-kako-izgleda-koga-ima-napad-od-sindromot-na-vkochaneta-lichnost-09.jpg

Со неа е медицинско лице кое ѝ става спреј во носот со кој барем малку се ублажува нападот.

Следниот инсерт е веднаш по завршувањето на нападот и пејачката седи исправено, но уште е во солзи.

voznemiruvachko-video-selin-dion-pokazha-kako-izgleda-koga-ima-napad-od-sindromot-na-vkochaneta-lichnost-08.jpg

voznemiruvachko-video-selin-dion-pokazha-kako-izgleda-koga-ima-napad-od-sindromot-na-vkochaneta-lichnost-11.jpg

„Секојпат кога се случува нешто вакво, прави да се чувствувате толку засрамено и толку... не знам ни како да се изразам…

Само, знаете, немате контрола над себе“, вели таа.

Погледнете го видеото:

Кога почнал нападот, камерманот се прашувал дали да продолжи со снимање, но претходно пејачката му рекла да снима без разлика што се случува.

На крај, Селин наредила во документарецот да остане и потресното видео со надеж дека ќе се зголеми свесноста за болеста.

voznemiruvachko-video-selin-dion-pokazha-kako-izgleda-koga-ima-napad-od-sindromot-na-vkochaneta-lichnost-03.jpg

По дијагнозата, Селин откажа неколку концерти и изјави дека ќе се фокусира на тоа да си ја врти силата.

Истовремено, пејачката неколкупати има изјавено дека не се откажува и ќе се бори до крај.

voznemiruvachko-video-selin-dion-pokazha-kako-izgleda-koga-ima-napad-od-sindromot-na-vkochaneta-lichnost-02.jpg

Во новиот документарец, таа зборува и за тоа колку ѝ се променил гласот поради болеста.

Вели, првиот симптом што го почувствувала бил поврзан со нејзиниот глас, а ова се случило пред 17 години.

„Едно утро додека појадував, гласот почна да ми станува повисок. Се исплашив бидејќи обично кога гласот е изморен од настап, тогаш станува подлабок за еден тон.

Се исплашив и не знаев што да правам. А, денес имам дијагноза за синдром на вкочанета личност…

Не можам да го користам гласот. Ми недостасува музиката“.

voznemiruvachko-video-selin-dion-pokazha-kako-izgleda-koga-ima-napad-od-sindromot-na-vkochaneta-lichnost-05.jpg

Селин, која важи за еден од најдобрите вокали на сите времиња, вели дека постепено го губи гласот поради вкочанетоста во областа на градите.

Повеќе не може да го контролира дишењето, а со тоа ни пеењето.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Славни жени кои отворено зборуваа за траумата од нивните спонтани абортуси Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус додека го држела својот син Арчи, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg